Шпанија ја легализираше евтаназијата

пред 4 години

Шпанските пратеници ја легализираа евтаназијата, односно потпомогнато самоубиство за луѓето со неизлечливи или исцрпувачки болести кои сакаат да стават крај на својот живот.

Ова ја направи Шпанија четврта земја во Европската Унија што одлучи да го преземе тој чекор.

За легализацијата гласаа 202 пратеници, 141 беа против, а двајца беа воздржани, објави „Ројтерс“.

Досега во Шпанија, секој што ќе одлучи да изврши евтаназија или потпомогнато самоубиство, се соочуваше со казна затвор од 10 години.

„Денес е важен ден: ние се движиме кон признавање на човековите права. Ние се движиме кон похумано и поискрено општество”, изјави пред пратениците шпанската министерка за здравство Каролина Даријас.

Законот, кој важи за возрасни кои легално престојуваат во Шпанија, ќе стапи на сила за три месеци за да се даде време за формирање регионални комитети за разгледување и одобрување на барањата.

За време на дебатата и гласањето, пред парламентот демонстрираа групи за и против законот.

Share
Scroll to Top