Штрајк на лекарите во Нигерија: Гладот е полош од Ковид-19

пред 3 години

Лекарите во нигериските државни болници започнаа штрајк поради одложената исплата на платите и надоместоците, објави синдикатот на лекарите.

Нигериските лекари често штрајкуваат поради, како што велат, лошите услови за работа, објави „Ројтерс“.

Тие минатата година штрајкуваа трипати, барајќи надоместок за лекување на пациенти со Ковид-19. Претседателот на Националната асоцијација на лекари (НАРД) рече дека штрајкот започна рано утрово и дека владата не го контактирала синдикатот откако дала известување.

На прашањето дали штрајкот ќе влијае на вакцинацијата против Ковид-19, тој изјави: „Гладот ​​е полош од Ковид-19. Загубивме 19 членови поради Ковид-19 “без осигурување во случај на смрт”.

Зголемување на бројот на заразени е регистрирано во Нигерија од средината на јули.

Од почетокот на епидемијата во 2020 година, во Нигерија се регистрирани 174.315 случаи на коронавирус и 2.149 смртни случаи.

Share
Scroll to Top