Ја полеал  сопругата со бензин по расправија и ја запалил, па ја гасел со вода: обид за убиство во Бугарија

Ја полеал сопругата со бензин по расправија и ја запалил, па ја гасел со вода: обид за убиство во Бугарија

пред 2 часа

Обвинителството во Бугарија поднесе обвинение против 48-годишен маж кој е осомничен дека се обидел да ја убие својата сопруга полевајќи ја со бензин и запалувајќи ја по семеен спор. Обвинителството ќе побара да му биде одреден притвор до 30 дена, додека истрагата продолжува, пренесува срспки „Телеграф“.

Мажот е обвинет за обид за убиство извршено на особено суров и болен начин за жртвата.

Злосторството се случило во селото Медовец, а куќата на семејството била запечатена и под полициски надзор по инцидентот.

Според информации од истрагата, осомничениот консумирал голема количина алкохол пред конфликтот, по што прво вербално, а потоа и физички ја нападнал својата сопруга Фаизе (48). Во еден момент, тој зграбил кофа со бензин, ја полеал несреќната жена и ја запалил.

Лекарите сега се борат за нејзиниот живот во Воената болница во Варна.

Лекарите наведуваат дека жената е на интензивна нега во исклучително тешка состојба. Таа има изгореници од втор и трет степен на околу 40 проценти од телото, а поради сериозноста на повредите, сè уште не е можно да се даде прогноза за нејзиното закрепнување. Лекарите ја информирале полицијата дека повредите укажуваат на обид за убиство.

Според сведочењето на братучедката Хабиба Хусеин, драмата започнала во вторникот по полноќ, кога слушнала вресоци од куќата.

„Слушнав ужасни гласови, а децата викаа и се обидуваа да помогнат. Прашав што се случило, а братучеда ми ми рече: „Исмаил ме поли со бензин“, рече Хабибе.

Таа и нејзиниот сопруг веднаш повикале брза помош, но кога сфатиле дека возилото ќе доцни, ја однеле повредената жена со автомобил во Далгопол. За време на патувањето, според нив, Фаизе постојано повторувала дека треба да повикаат полиција, бидејќи нејзиниот сопруг ќе ја убие.

„Не можам да спијам, не можам да јадам. Сè уште го чувствувам мирисот на братучетка ми. Не изгледаше како човек, туку како зомби – беше цела изгорена. Никогаш не сум видела нешто такво во филмовите“, рече Хабибе.

Соседите велат дека биле изненадени бидејќи семејството претходно не било познато по расправии или проблеми. Сопружниците се вратиле ова лето од Франција, каде што биле на привремена работа. Исмаил работел во градежништвото, додека Фаизе била невработена.

„Работеле заедно во дворот, заедно го палеле огнот. Би рекле дека се идеални луѓе, идеално семејство“, рече соседката Гулзарија Хусеин.

Семејството има две деца – 20-годишна ќерка и 12-годишен син. Момчето моментално е кај роднина, а социјалните служби веќе излегле на терен за да ја проценат неговата ситуација.

Градоначалникот на Медовац, Мустафа Исмаил, рече дека целото село е потресено од трагедијата.

„Ситуацијата е многу тешка. Роднините и соседите ќе даруваат крв, чекаме добри вести и се надеваме дека жената ќе се опорави“, рече тој.

Според него, осомничениот маж се обидел да го изгасне огнот откако го запалил – ја однел сопругата во бањата и ја потурил со вода. Во таа прилика, и самиот добил изгореници на рацете, според написите.

Текстот Ја полеал сопругата со бензин по расправија и ја запалил, па ја гасел со вода: обид за убиство во Бугарија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top