Јапонија разви шприц за извлекување седум дози вакцина на „Фајзер“

пред 4 години

Јапонската компанија „Терумо“ објави дека развила нов шприц, кој може да извлече седум дози од секое шише вакцина против коронавирус на „Фајзер“, барем една повеќе отколку што досега беше можно со постојните шприцови.

Министерството за здравство го одобри проектот во петокот, а компанијата Терумо ќе започне со производство на шприцови на крајот на март, изјави за „Ројтерс“ нејзиниот портпарол.

Агенцијата Кјодо објави дека „Терумо“ планира да произведе 20 милиони шприцови оваа година.

Вакцината од производителите „Фајзер“ и „Бионтек“ се доставува во шишиња првично назначени за пет дози. Шестата доза може да се извлече од преостанатата количина на вакцина останата во шприцовите по употребата.

Јапонија во февруари започна кампања за вакцинирање со вакцината на „Фајзер“. Министерот Таро Коно задолжен за имунизација рече дека некои дози пропаднале поради недостаток на специјални шприцови.

Share
Scroll to Top