Јужна Кореја подготвена да обезбеди заштита за севернокорејските војници заробени во Украина

Јужна Кореја подготвена да обезбеди заштита за севернокорејските војници заробени во Украина

пред 1 година

Јужна Кореја е подготвена да обезбеди заштита и поддршка на севернокорејските војници заробени во Украина доколку побараат да бидат прифатени во Јужна Кореја, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Сеул по медиумските извештаи дека севернокорејски војник заробен од украинските сили изразил намера да пребегне во оваа земја.

„Севернокорејските војници се уставно признати како наши граѓани и почитувањето на нивната слободна волја во однос на репатријацијата е во согласност со меѓународното право и вообичаената практика“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува „Јонхап“.

Во соопштението се додава дека „затоа владата ќе ги обезбеди потребната заштита и поддршката во согласност со основниот принцип за прифаќање на сите поединци што сакаат да дојдат во Јужна Кореја“.

Јужна Кореја ѝ го пренесе овој став на Украина и ќе продолжи да се ангажира во неопходните консултации со Киев, се наведува во соопштението.

Министерството исто така изјави дека поединците не треба да бидат принудени да се вратат на места на кои може да се соочат со прогон.

Претходно денеска, беше објавено дека еден од двајцата севернокорејски војници заробени во Украина изразил желба да замине во Јужна Кореја, пренесува „Танјуг“.

Текстот Јужна Кореја подготвена да обезбеди заштита за севернокорејските војници заробени во Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top