Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, планира да ја укине забраната за користење на „Тик-ток“ за дел од вработените и агенциите во градската администрација, јави Политико.
Забраната беше воведена во 2023 година од претходниот градоначалник Ерик Адамс поради стравувања за безбедноста на податоците и поврзаноста на компанијата ByteDance со кинеската влада.
Се очекува повторно активирање на профилот @nycmayor и враќање на TikTok во дел од градските институции. Сепак, експертите и натаму предупредуваат на потенцијални ризици за податоците, иако компанијата ги негира тие тврдења.
Инаку, повеќе американски сојузни држави сè уште ја задржуваат забраната за користење на „Тик-ток“ на службени уреди.
Фото: Depositphotos
Текстот Њујорк ја укинува забраната за „Тик-ток“ за дел од градските службеници е превземен од МАКФАКС.





