Цивилно возило најверојатно било користено како импровизирана платформа во утринскиот ракетен напад на аеродромот во Кабул, пренесува Си-Ен-Ен.
Видеото до кое дојде Си-Ен-Ен покажува возило во пламен на улица во населбата Каир Кана во Кабул, по испалените ракети.
Се чини дека во автомобилот биле сместени шест цевки за лансирање, кои се видливи во внатрешноста на јагленосаниот костур на возилото.
Очевидци тврдат дека една од ракетите погодила зграда во близина, а ударот на ракетата бил видлив на блиската висока кула во близина. Талибанските борци и сведоци велат дека нема жртви во зградата.
US says it destroyed an explosive-laden vehicle with an air strike in Kabul, hours after President Joe Biden warned of another terror attack in the capital as a massive airlift of tens of thousands of Afghans entered its last days https://t.co/1qoFpa3WHe pic.twitter.com/MwsIFx9uyg
— AFP News Agency (@AFP) August 30, 2021
Американски претставник за Си-Ен-Ен изјавил дека ИСИС-К најверојатно лансирала ракети, но предупреди дека е прерано да се знае со сигурност.
Неименуван американски функционер изјави претходно дека пет ракети биле истрелани на аеродромот во Кабул рано утрово и дека биле пресретнати од американскиот противракетен систем.
Службеникот, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека, според првичните извештаи, нема жртви меѓу американските граѓани, но додаде дека ситуацијата може да се промени.