Џонсон: На Путин ќе му кажам да не ги преминува границите

пред 3 години

Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска најави дека на разговорот најавен за подоцна неделава ќе му каже на рускиот претседател Владимир Путин да не ги преминува границите во врска со Украина.

„Мислам дека сите треба да се повлечеме од работ, а и Русија треба да го стори истото“, им рече Џонсон на новинарите.

Генералниот секретар на британското Министерство за финансии, Сајмон Кларк, претходно денеска изјави дека Велика Британија ќе ги санкционира компаниите и луѓето кои имаат најблиски врски со Путин, доколку Русија преземе каква било акција против Украина.

Официјален Кремљ ја опиша заканата како алармантна.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека таквата закана е напад врз руските компании, што ја поткопува инвестициската клима во Британија и ги подгрева тензиите во Европа.

Share
Scroll to Top