Џонсон се извини по извештајот за забавите во Даунинг стрит

пред 3 години

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска се извини откако истражителката заклучи дека забавите на кои присуствувал во владиниот штаб за време на строгите мерки против коронавирусот, биле сериозен неуспех во исполнувањето на очекуваните стандарди и жртвувањето милиони луѓе за време на пандемијата.

Сепак, Џонсон уште еднаш ги отфрли повиците да поднесе оставка поради скандалот наречен „Партигејт“, ветувајќи дека ќе го реформира начинот на кој управува со својот кабинет и инсистирајќи на тоа дека може да им се верува нему и на неговата влада.

„ Разбирам и ќе го поправам“, рече Џонсон во парламентот откако истражителката Сју Греј ги објави своите наоди на неколку собири во 2020 и 2021 година, организирани во време на строги ограничувања за ширење на коронавирусот.

Греј изјави дека неуспесите на лидерството и расудувањето довеле до настани што не требало да се дозволат.

„ Тешкотиите под кои работеа, живееја и за жал умреа граѓаните низ целата земја, додека ригорозно се придржуваа до владините регулативи и упатства, се многу добро познати“, напиша Греј.

Таа додаде дека во контекст на пандемијата, кога владата побара од граѓаните да прифатат обемни ограничувања во нивните животи, тешко е да се оправда дел од однесувањето поврзано со овие собири.

Извештајот, кој Греј му го предаде на премиерот, во кој се зборува за прекумерна употреба на алкохол и персонал кој се плаши да зборува за проблеми на работното место, е удар за Џонсон, и покрај тоа што нејзините заклучоци се однесуваат само на четири од 16-те настани што ги истражува.

Наодите на Греј за 12 други собири не беа објавени на барање на полицијата, која минатата недела покрена кривична истрага за наводи за сериозни прекршувања на правилата за коронавирусот.

Share
Scroll to Top