Џорџ Клуни го повика Бајден да се откаже од својата кандидатура за реизбор

Џорџ Клуни го повика Бајден да се откаже од својата кандидатура за реизбор

пред 5 месеци

Американскиот актер и поддржувач на Демократската партија, Џорџ Клуни, денеска го повика американскиот претседател Џозеф Бајден да се откаже од својата кандидатура за реизбор.

Клуни во написот на Њујорк Тајмс изјави дека му се допаѓа Бајден, но оцени дека Демократската партија ќе ја загуби претседателската трка, како и секаква контрола во Конгресот со Бајден како кандидат.

„Ова не е само мое мислење. Ова е мислењето на секој сенатор и член на Конгресот и гувернер со кој сум разговарал приватно“, рече Клуни, пренесе АП.

Текстот Џорџ Клуни го повика Бајден да се откаже од својата кандидатура за реизбор е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top