Судот во Австралија му наложи на Google да му плати на поранешен пратеник 715.000 австралиски долари (515.000 американски долари) затоа што не го отстранил од содржината видеото со „безмилосна, расистичка, клеветничка, навредлива и злонамерна кампања“ на јутјубер, кој го избркал пратеникот од политиката.
Федералниот суд утврди дека компанијата Alphabet, која поседува страница за споделување видеа на YouTube, заработила пари со емитување две видеа од тогашниот заменик-премиер на Нов Јужен Велс, најнаселената австралиска држава, прегледани речиси 800.000 пати откако се поставени на крајот на 2020 година, пренесува Ројтерс.
Google и претходно беше прогласен за одговорен за клевета, бидејќи во резултатите од пребарувањето понудил линкови до таа содржина, а денешната пресуда е една од првите во која компанијата беше прогласена за виновна како активен емитувач на написи во кои еден функционер е клеветен преку YouTube.
Австралија размислува за закон за клевета за да испита дали онлајн платформите треба да бидат одговорни за клеветнички содржини хостирани или објавени од јутјубери. Google и другите интернет гиганти тврдат дека не е разумно да се очекува следење на сите објави.
Портпаролот на Google не беше достапен за коментар, додаде Ројтерс.