Според извештајот на Synopsys Cybersecurity Research центар, три апликации во продавницата на Google Play се означени како малициозни.
Сите три апликации се наменети за далечински глушец и тастатура, кои му овозможуваат на корисникот да користи глушец или тастатура користејќи телефон поврзан на серверот.
Апликациите се:
1. Lazy Mouse
2. Telepad
3. PC Keyboard
Споменатите три апликации се многу популарни и имаат повеќе од два милиони преземања на Google Play Store.
Според извештајот на CyRC, откриено е дека механизмите за автентикација воопшто не постојат или се многу слаби, како и дека нема овластување, па комуникацијата на сите три апликации е минимално безбедна.
Искористувањето на ранливоста за автентикација и овластување може да им овозможи на далечинските, неавтентификувани напаѓачи да извршуваат произволни команди, се вели во извештајот.
Затоа, доколку имате некоја од овие апликации на вашиот паметен телефон, веднаш ослободете се од нив.