Најголемата хакерска група „Анонимуси“ и објавија војна на руската влада, во екот на рускиот напад врз Украина, кој трае веќе втор ден.
„Групата Анонимусi официјално е во сајбер војна против руската влада“, напишаа тие на Твитер.
The Anonymous collective is officially in cyber war against the Russian government. #Anonymous #Ukraine
— Anonymous (@YourAnonOne) February 24, 2022
Хакерските активисти собрани во колективот „Анонимуси“ немаат раководство ниту се знае кои се членовите. Нивното мото е „Ние сме мнозинството“. Бидејќи нема раководна структура, секој може да тврди дека е нивен член. Тоа исто така значи дека нивните членови може да имаат различни цели бидејќи немаат агенда.
Вечерва издадоа и предупредување дека руската армија се подготвува да го ракетира Киев, што се случи неколку часа подоцна.
Во Киев одекнуваат експлозии од 4.30 часот по локално време. Советник на украинската влада вели дека рускиот авион бил соборен и дека биле спречени неколку ракетни напади. Во запалените згради има повредени. Украинскиот претседател ги потврди извештаите за руски ракетни напади во Киев.
The Russian armed forces are preparing a large-scale bombing operation in the capital of #Ukraine.
— Anonymous (@YourAnonOne) February 24, 2022
Хакирана страницата на Russia Today
Вчера тие ја хакираа и ја соборија веб-страницата на државната телевизија на Путин, „Русија денес“. Страниците на РТ беа привремено недостапни.