Властите во Бразил сакаат да го принудат Apple да продава полначи во пакет со неговите iPhone-и.
Трендот на продажба на телефони без полнач во голема мера го започна Apple. Иако овој потег на компанијата наиде на потсмев кај многумина, сега голем број производители ги отфрлаат полначите од пакувањето на телефоните, под изговор за намалување на е-отпадот, полесен транспорт и други причини.
Оваа одлука на Apple и се допадна на Европската унија, но на една земја не. Бразилското Министерство за правда одлучи да го казни Apple со околу 2,38 милиони долари, а во исто време и нареди на компанијата да престане со продажба на серијата iPhone 12 и поновите модели, како и на сите iPhone кои немаат полнач.
Како причина за ваквата одлука, Министерството посочува дека Apple со продажба на уред без полнач всушност „продава уред на кој му недостига клучна компонента, со што намерно ги дискриминира потрошувачите“.
Министерството ги отфрли и тврдењата на Apple, кои како причина за отстранување на полначот ги наведуваат еколошките причини. Според бразилските власти, нема докази дека отстранувањето на полначот од пакувањето влијае на заштитата на животната средина.