Новите студии покажаа дека вакцините се помалку ефикасни во борбата против делта сојот, рече директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на заразни болести, д-р Рошел Валенски.
Таа потврди дека треба да се кори трета доза од вакцината и посочи дека во студијата за вакцинација во домови за стари лица се наведува дека ефективноста на вакцините во случај на контакт со варијантата на делта на корона е намалена на 53 проценти, пренесува Ројтерс.
Д-р Валенски, исто така, се осврна на резултатите од израелската студија која покажа зголемен ризик од потешки форми на ковид-19 кај оние кои биле вакцинирани рано.