Има се повеќе компании кои се занимаваат со хуманоидни роботи, а меѓу нив е и кинеската Kepler, која ќе го претстави својот производ наречен „Forerunner“ на CES во Лас Вегас.
Од Kepler велат дека нивната Forerunner серија за општа намена покажува напредни способности во движењата на телото, прецизна контрола на рацете и софистицирана визуелна перцепција. Ова го позиционира како „опасен“ конкурент на Optimus на Tesla во областа на хуманоидната роботика.
Компанијата тврди дека нејзиниот хуманоиден робот има за цел „да ја зголеми продуктивноста со врвна технологија, забрзувајќи го доаѓањето на тридневната работна недела“.
„Оваа промена ќе им овозможи на луѓето да посветат повеќе време на значајни напори како истражување на вселената“, рече коосновачот на Kepler, Дебо Ху.
Роботот е висок 178 cm и тежок 85 kg, има „паметна“ и флексибилна рака со 12 степени на слобода на движење. Сепак, благодарение на вкупно 40% слобода на движење на целото тело, роботот се истакнува во движењето низ предизвикувачки терен, вешто избегнува препреки, агилно манипулира со рацете, крева и носи тешки предмети и се карактеризира со прецизна координација рака-око, како и интелигентна интерактивна комуникација.
Forerunner се одликува со импресивни високотехнолошки системи, инспирирани од Optimus на Tesla, кои му овозможуваат да изведува сложени движења на телото, прецизна контрола на рацете и напредна визуелна перцепција.
Роботот се потпира на збир на сензори поставени во неговата глава, кои му овозможуваат да ја „разбере“ околината. Меѓу тие сензори се широкоаголна камера, четири микрофони, акцелерометар и систем AHRS. Комуницира со луѓе благодарение на синтетичкиот гласовен модул и стерео звучниците.
Компанијата Kepler планира да започне со продажба на роботот Forerunner во третиот квартал од оваа година, по цена од околу 30.000 долари. Тоа значи дека ќе биде значително поскап од Optimus на Tesla, кој може да се купи за 20.000 долари.