Forza Horizon 4 моментално е на попуст од -80% и ако сте неодлучни околу набавувањето, треба да ве потсетиме дека тоа е последна шанса да ја купите.
Microsoft уште еднаш извести дека планираат да ја тргнат Forza Motorsport 4 од продажба поради истекување на лиценцата.
Играта повеќе нема да биде достапна за купување по 15 декември, а истиот ден ќе исчезне од каталогот Game Pass. За среќа, оние кои ја имаат играта во својата колекција сепак ќе можат да ја преземаат и играат.
Доколку ја немате Forza Horizon 4 во вашата колекција и не би сакале да ја пропуштите шансата да ја добиете легално, сега е шансата да го сторите тоа. Играта е на попуст од -80%, така што можете да ја набавите на Steam за 14 евра, додека верзијата за PC/Xbox чини 12 евра.
Иако (понапредниот) Forza Horizon 5 останува достапен и после ова, четворката е сепак посебна игра со посебна мапа (Велика Британија) и различни временски услови кои се многу поизразени отколку во петката.