Конечно дојдовме до тој период од годината кога ја очекуваме презентацијата на новата серија на iPhone уреди.

Традиционално во текот на септември, Apple ни дава поглед на новите модели на iPhone. Годинава тоа е серијата iPhone 16, која ќе „сјае“ како дел од настанот „It’s Glowtime“ на Apple.

Се очекува за време на презентацијата да ги видиме моделите iPhone 16, iPhone 16 Plus, iPhone 16 Pro и iPhone 16 Pro Max.

Дали компанијата од Купертино ќе не почести со уште едно изненадување ќе дознаеме во директниот пренос кој започнува во 19 часот по наше време, а можете да го погледнете на официјалниот YouTube канал на Apple.