Стратешката игра Sid Meier’s Civilization 7 сè уште не успеа да ја врати довербата на фановите по разочарувачкиот почеток, но програмерите не се откажуваат од новата содржина.
Firaxis сега објави дека ќе продолжат да работат на Civilization 7 до 2027 година, кога е најавено големо ажурирање наречено Arc of Tomorrow.
Ова ажурирање ќе ја донесе четвртата, атомска ера, која ќе се протега од 1950 година до блиската иднина.
Ќе видиме урбана архитектура, модерно оружје, нови единици и проширени можности за користење на нуклеарна енергија. Секако, ќе видиме и нови водачи на цивилизациите, но и стари познаници како Ганди.
Arc of Tomorrow DLC ќе биде бесплатен за сите што веќе ја имаат Civilization 7.
После ова, повторно летаме во вселената – првата платена експанзија, наречена Earthrise, ќе ни ја донесе трката за освојување на вселената, која ќе биде присутна во сите ери – од цртањето небесни тела во првата фаза, до основањето на вселенски агенции.
Експанзијата ќе донесе и природни катастрофи, глобално затоплување итн. Накратко, сè со што треба да се справи една цивилизација.






