Сезона на празници е, а Google го искористи овој период за малку да се забавува со конкурентот Apple во новата реклама „Best Phones Forever“.
Google веќе некое време ја прави оваа серија на реклами, а темата е главно иста – Google Pixel и Apple iPhone влегуваат во разговор и некако Pixel на крајот секогаш излегува попаметен.
Во новата реклама, iPhone и Pixel зборуваат од завиткани пакети – подароци под елката. Не знаеме од каде се овие кутии, но и двајцата сакаат да излезат, па Pixel бара помош од Gemini Live.
Во еден момент, за време на разговор со Gemini, телефоните сфаќаат дека тие се всушност таму затоа што се подароци, па iPhone одеднаш почнува да вика за помош.
iPhone-от, всушност, се плаши затоа што мисли дека нема да биде добар подарок како Pixel, бидејќи не нуди опции како Gemini Live и Circle to Search што ги има телефонот на Google. Затоа вели дека „уште не е подготвен да се распакува“.
„Ајде, iPhone, зарем не гледаш дека ова е добро време, време да се биде со пријателите и семејството кои те прифаќаат онаков каков што си, а не онаков каков што сакаш да бидеш“, му вели Pixel.
Во основа, Pixel во оваа реклама треба да го утеши iPhone, кој е тажен затоа што ги нема карактеристиките на вештачката интелигенција што ги има телефонот на Google. Проценете сами колку Google е во право.