Не е толку вообичаено европските земји да забранат продажба на одредена марка на телефон – токму тоа се случи и сега.

Во Германија, имено, продажбата на телефоните од брендот OnePlus (како и брендот Oppo) е забранета, а причината за ваквата одлука на властите во Берлин е судски спор за патент.

OnePlus неодамна беше забранет во Германија поради сличен спор со Nokia, но сега тие се во тужба против InterDigital поради клучни патенти поврзани со 5G и други мобилни технологии.

Поради сето ова, онлајн продавницата OnePlus во Германија не продава паметни телефони, иако се чини дека сите други производи се уште се достапни.

Не е јасно кога Германија ќе ја укине наметнатата забрана, а компанијата OnePlus соопшти дека ја „вреднуваат интелектуалната сопственост“ и дека „ќе продолжат да преговараат со InterDigital“ за да се најде „пријателско решение“.