„За поголемиот дел од луѓето прашањето е едноставно: сакате ли да ги изложите белите дробови на ваков ризик и да видите дали тие можат да го издржат тоа“, прашал еден грчки епидемиолог.
Грчкиот епидемиолог и член на тамошниот кризен штаб, д-р Гикас Мајоркинис на својот Фејсбук профил објавил фотографии од бели дробови на малолeтни пациенти кои заболеле од Ковид-19 и предизвикал бура од реакции во јавноста.
На фотографиите се гледа големо оштетување на белите дробови кое го предизвикало Ковид-19 кај малолетното лице.
„Фотографиите кажуваат 1.000 зборови“, напишал д-р Мајоркинис на почетокот на неговата објава.
„Бели дробови кај младите лица (18 години, 15, 14 и 8 години). Ниту еден од пациентите немал основа за болест или имуносупресија. На пациентите никогаш не им бил потребен дополнителен кислород, интубација или интензивна нега. Ова се „инцидентите“ на Ковид-19“.
Угледниот грчки експерт ја „испровоцирал“ јавноста со прашањето:
„За поголемиот дел од луѓето прашањето е едноставно: сакате ли да ги изложите белите дробови на ваков ризик и да видите дали можат да го издржат тоа? Доколку можете да го издржите предизвикот, како што поголем дел од младите размислуваат, сакате ли да видите колку години или сила сте изгубиле на тој пат?“.
На крајот, д-р Мајоркинис напишал порака до цела јавност:
„Со вакцините ги штитиме белите дробови од тежок стрес“.
Извор: Pink.rs