Во морето од понуди на нови телефони, често доаѓа до забуна кој да се избере меѓу нив. Но, анализата ја решава оваа дилема.
Најновите анализи на бројни компании покажуваат дека користените телефони со Android заостануваат далеку зад мобилните телефони на Apple.
iPhone-от дефинитивно губи најмалку вредност со текот на времето. Најпознатите и најкористените Android телефони изгубиле 80 отсто од својата вредност откако се појавија на пазарот.
Важна разлика
Тие не беа многу изненадени од ваквите изјави, а токму извештаите покажуваат колкава е разликата помеѓу производите на Apple и остатокот од конкуренцијата.
Така, се наведува дека iPhone 12, iPhone 13 и iPhone 14, од сите лансирани телефони во изминатите три години, задржуваат најголема вредност.
Првото место го зазема iPhone 13 Pro Max, стар 16 месеци, кој изгуби само 38% од првобитната цена.
Во 2020 година, Apple го претстави iPhone 12, кој изгуби 57% од својата вредност со текот на времето. Ако го споредиме со моделот Samsung Galaxy S20, лансиран на пазарот истата година, неговата цена е намалена за 85 проценти.
Најголем пад
Меѓу уредите со Android, меѓу оние со најголем пад на вредноста се поновите „свитливи“ Galaxy Z Flip3, потоа премиум Galaxy Note 20 Ultra и Pixel 6 Pro.
Најдобро се котира минатогодишниот Galaxy S22 Ultra, чија вредност е намалена за 58,2 отсто.
Еве топ 7 листа која го објаснува сето тоа:
* iPhone 14 Pro Max (26,9%)
* iPhone 13 Pro Max (38%)
* iPhone 12 Pro (55,5%)
* Samsung S22 Ultra (58,2%)
* Google Pixel 6 (67,4%)
* Samsung Z Flip3 (76,1%)
* Samsung Galaxy S20 (85%)
Доколку сакате да заштедите повеќе пари како резултат на продажбата, тогаш според сите статистики, iPhone е најдобриот избор.