Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во државата Сао Пауло.
Прелиминарните податоци покажуваат дека антителата обезбедуваат мала заштита од новиот вид П1, објави „Мирор“.
Истражувањата ја покажаа шокантната брзина со која П1 стана доминантен во Бразил за само осум недели од неговото појавување.
Професорката Естер Сабино од Универзитетот во Сао Пауло рече дека помеѓу 25 и 61 процент од антителата создадени за време на првата ковид-зараза не дејствуваат против видот П1.
„Едноставно кажано – од 100 луѓе што имале Ковид-19, помеѓу 25 и 61 се подложни на добивање на вирусот П1. Бевме зачудени кога видовме колку е брз растот на заболените“, рече Сабино.