Концептот на новиот спортски суперавтомобил на францускиот спортски бренд, сестрата на Citroen, најавува електрични автомобили со исклучиво моќно регенеративно сопирање.
Ако ги прашате дизајнерите и инженерите на францускиот производител на луксузни спортски автомобили DS Automobiles, но и раководството на тркачката серија Формула Е, во блиска иднина запирањето на болидот нема да зависи од дисковите и влошките за сопирачките, туку само од електричните мотори со регенерација на кинетичка енергија.
Имено, неодамна во јавноста беше претставен нов болид од Формула Е, кој ја нема последната класична сопирачка, туку сопира само регенеративно, а DS ја вгради истата технологија во својот нов концепт.
DS E-TENSE PERFORMANCE беше претставен на почетокот на месец мај во Монако како прв концепт на сериски патен автомобил во светот без класична сопирачка.
Сите тркала на овој автомобил имаат регенеративни системи за сопирање, кои со помош на два вградени електромотори можат целосно да го запрат автомобилот како и класични сопирачки. Тоа е систем на регенерирање на кинетичка енергија во електрична енергија, со моќност од дури 600 kW.
DS вели дека регенеративното сопирање наскоро би можело да стане единствениот начин да се запрат автомобилите. Придобивките би биле повеќекратни – освен што ќе помогне за полнење на батеријата на електричните возила, ќе ја елиминира потребата од дискови и влошки за сопирачките.
Овој потег ќе го намали и загадувањето на животната средина. Проценките велат дека околу 55 отсто од загадувањето на воздухот што го создаваат класичните автомобили доаѓа од честички кои не создаваат издувни гасови, односно од гуми, сопирачки и слично. Железната прашина од конвенционалните сопирачки создава до 20% од ова загадување и е многу опасно по здравјето на луѓето, особено за оние кои веќе имаат респираторни проблеми.