Британскиот производител го претстави вториот од трите најавени примероци на моделот Boat Tail.

Производителот на најпрестижните автомобили во светот направи дополнително отстапување од сето досега видено со овој модел, особено со цената мерена во десетина милиони долари.

Овој втор примерок, кој најпрво ќе биде претставен на традиционалниот настан „Concorso d’Eleganza 2022. Villa d’Este“ во Италија, е и последен што е прикажан во јавноста, бидејќи третиот автомобил оди кај непознат купувач, а не сака тоа јавно да се покаже.

Автомобилот од 28 милиони долари има посебна приказна. Се вели дека е дизајниран да го почитува таткото на клиентот и нивната семејна историја, со дизајн инспириран од седефот.

Имено, новиот сопственик е почитуван колекционер на автомобили, а неговиот татко бил исклучително почитуван во изработката на накитот, особено оној со бисери.

И навистина, освен алуминиумската основа на Phantom и 6,85 V12 твин-турбо моторот на Phantom, сè друго е реосмислено и редизајнирано.

Еден од најкомплексните предизвици беше да се создаде посебна нијанса на боја, која Rolls-Royce ја опишува како „блескава мешавина од остриги и меки рози, со големи бели и бронзени кристали кои додаваат посебен квалитет на бисер кој суптилно се менува во зависност од агол на светлина.”

Внатрешноста на возилото изгледа подеднакво престижно со влошки од скапоцено злато, фурнир од орев и најдобра кожа.

Некои детали имаат завршница од бисер, со што навистина овој автомобил влезе во посебен сегмент кој комбинира висока мода, накит, па дури и уметнички дела.