Системите за вештачка интелигенција далеку ги надминаа човечките способности во една игра.
Професорот Стјуарт Расел од Универзитетот во Калифорнија Беркли процени дека моментот што ја убеди Кина за надмоќ во вештачката интелигенција (АИ) е кога програмата AlphaGo победи човек кој беше светски шампион во таа игра слична на шах наречена Go.
„AlphaGo го победи светскиот шампион, човекот кој е највисоко оценет играч во светот, од Кина и беше поразен. Ова беше моментот што ја убеди Кина дека надмоќта во вештачката интелигенција е апсолутен предуслов за нивната надмоќ како земја“, рече Расел на Самитот на Глобалното партнерство за вештачка интелигенција што се одржува во Белград.
Тој истакна дека откако се случи тоа, системите за вештачка интелигенција далеку ги надминаа човечките способности во играта Go.
Објаснувајќи што е вештачка интелигенција, тој рече дека станува збор за правење машини кои се интелигентни и дека машината е интелигентна до степен до кој може да се очекува нејзините акции да ги постигнат своите цели.
Тој додаде дека кога размислуваме за работи како учење и донесување одлуки, планирање и расудување, сите тие се во служба на изборот на активности од кои може да се очекува да се постигнат нечии цели.
„Кога користите помош за навигација, внесувате цел и дестинација, а потоа алгоритам произведува однесување што ве носи до вашата дестинација што е можно побрзо“, рече Расел.
Тој додаде дека има проблеми кои не можат да се решат во линеарно време и дека тоа може да се види во пракса.
„Нашите системи за учење во моментов бараат огромни количини на податоци, многу повеќе отколку што било човечко суштество некогаш потрошило, без разлика дали се тоа слики или текст, често милиони пати повеќе отколку што им треба на човечките суштества“, рече Расел.
За време на Министерскиот самит, кој се организира вториот ден, се очекува да биде усвоена и Белградската декларација која треба да ја промовира иновативната примена на вештачката интелигенција, вештачката интелигенција која ја штити интелектуалната сопственост, но и се залага дека примената на вештачката интелигенција да бидат такви што ќе обезбедат намалување на дигиталниот јаз меѓу развиените и помалку развиените земји.
Глобалното партнерство за вештачка интелигенција е водечка меѓународна организација која се занимава со развој, имплементација и регулирање на вештачката интелигенција.
Организацијата е основана во 2020 година.