Компанијата HMD Global, која ги произведува телефоните на Nokia, веќе некое време не произведува „флегшип“ телефон под брендот Nokia.
Компанијата дури пред извесно време изјави дека не планира да произведува телефони од високата класа на Nokia во блиска иднина. Сепак, сега еден извештај сугерира дека компанијата сепак работи на премиум уред.
Nokia is reportedly working on launching a new phone called Nokia N73.
This is what the device is tipped to look like ?https://t.co/qj8TrAOidL
What’s your take?#Nokia #NokiaN73 pic.twitter.com/ot61pU2SeC— Mukul Sharma (@stufflistings) May 9, 2022
Кинескиот портал CNMO наведува дека HMD Global работи на „флегшип“ телефон на Nokia кој ќе се вика Nokia N73. Многу корисници се сеќаваат на легендарната Nokia N73 од 2006 година, па ова може да биде уште еден начин HMD Global да ја заинтересира јавноста за „флегшип“ телефон, кој ќе биде именуван како еден од легендарните телефони на Nokia.
Овој телефон се појави на концептуалните рендери. Ни откриваат дека телефонот има заоблен екран и дури 5 камери на задната страна. Камерите се во интересен исечок кој се чини дека е споен на десната страна на телефонот. Во овој исечок има и двоен LED блиц.
Во извештајот се наведува дека главниот сензор на камерата би можел да биде 200MP ISOCELL HP1 на Samsung. Samsung го претстави овој сензор за камера минатата година, но сè уште не дебитирал на паметен телефон. Тоа е сензор што ја користи целосно новата технологија за спојување на пиксели ChameleonCell која користи распоред два по два, четири на четири или цели пиксели во зависност од околината. Овој сензор за камера е способен да снима 8K видео со 30 фрејмови.
Компанијата HMD Global го претстави својот најнов предводник на Nokia телефон на почетокот на 2019 година. Потоа беше претставен Nokia 9 PureView. Тој телефон, меѓу другото, доаѓа со чип Qualcomm Snapdragon 845, OLED екран од 5,99 инчи, пет камери на задната страна и батерија од 3320 mAh со поддршка за брзо полнење од 18 W.