Илон Маск повторно се огласи на социјалните медиуми за да го искаже својот гнев – овој пат, кон јужноафриканските регулатори.

Маск се огласи на X за да се осврне на проблемите на Starlink со добивање лиценца во Јужна Африка, пишувајќи дека „проблемот е што нема темна кожа“.

„Јужна Африка нема да дозволи Starlink да добие лиценца иако сум роден таму, само затоа што не сум црнец“, рече Маск.

„Многу пати ни беше понудено да поткупиме кого треба преправајќи се дека црнци го водат Starlink, но јас одбив да го направам тоа од принцип“, додаде тој.

Тој истакна дека „расизмот не треба да се наградува, без оглед на расата на која се однесува“.

„Расистичките политичари во Јужна Африка треба да се засрамат. Тие не треба да бидат почитувани никаде во светот, а луѓето треба да ги отфрлат затоа што се бесрамни расисти“, заклучи Маск.

Проблемот со лиценцата во Јужна Африка, патем, е тоа што законите таму бараат компаниите во телекомуникацискиот сектор да имаат најмалку 30% сопственост во рацете на „локални, историски загрозени групи“.

Starlink, како глобална подружница на SpaceX, не сака да дели сопственички удел во компанијата, што досега создаде непремостлива правна пречка за добивање лиценца.