Илон Маск, кој е сопственик на Twitter, истакна дека ќе создаде алтернативен телефон доколку неговата социјална мрежа биде забранета во продавниците за апликации Apple и Google.
Гласините дека Твитер може да биде отстранет од популарната услуга за продажба на апликации се интензивираа по бројните промени кои следеа по преземањето на Твитер од Маск.
Покрај тоа, самиот милијардер често се жали дека таксите и провизиите што Apple и Google ги бараат за програмерите и компаниите кои нудат апликации во нивните продавници се превисоки.
„Навистина се надевам дека нема да дојде до тоа, но ако нема друг избор, ќе создадам алтернативен телефон“, рече Маск во еден од неговите твитови.
I certainly hope it does not come to that, but, yes, if there is no other choice, I will make an alternative phone
— Elon Musk (@elonmusk) November 25, 2022
Apple App Store и Google Play Store наплаќаат провизија од 15 до 30 проценти за секое купување, како и за сите трансакции во апликацијата. Ова предизвикува големо незадоволство кај програмерите кои веруваат дека Apple и Google ја користат својата доминантна позиција на пазарот и наметнуваат свои правила. Поради ваквите потези, во изминатиот период веќе беа поднесени бројни тужби против овие компании.
Маск сака да ги зголеми приходите преку претплати на својата социјална мрежа. Проблемот е што поради правилата на Google и Apple за продажба во апликации, до 30 проценти од тие заработки ќе мора да одат директно на Google и Apple.
Милијардерот би можел да одлучи да ги заобиколи таквите правила, принудувајќи ги гигантите да го отстранат Твитер од нивните продавници за апликации. Во таа ситуација, Маск би можел да одлучи да развие свој алтернативен телефон.