Илон Маск влезе во војна со Netflix – тој има и meme по тоој повод.
Најбогатиот човек во светот често се осврнува на секакви теми преку социјалните медиуми, а кога ќе „се налути“ на некого, целиот свет мора да дознае за тоа.
Овој пат, тој има проблем со платформата Netflix, а причината за тоа се коментарите на креаторот на анимирана серија што се емитува на оваа стриминг услуга.
Хамиш Стил ја создаде анимираната серија „Dead End: Paranormal Park“ за Netflix, а Маск беше вознемирен од неговите коментари во кои го нарече неодамна убиениот Чарли Кирк „случаен нацист кој беше застрелан“.
Cancel Netflix for the health of your kids https://t.co/uPcGiURaCp
— Elon Musk (@elonmusk) October 1, 2025
Кирк, да потсетиме, беше соработник на Доналд Трамп и се бореше, меѓу другото, против „woke“ култура – слично како Маск.
Затоа Маск прво ја откажа својата претплата на Netflix, а потоа на X ги повика и другите да го сторат истото, споделувајќи meme во кој Netflix им дава на „вашите деца“ тројански коњ кој всушност содржи „трансродова woke агенда“. Причината е уште повеќе затоа што некои ја обвинуваат серијата на Стил дека содржи „скриени пораки“ кои ја фаворизираат ЛГБТК+ популацијата.