Илон Маск изјави дека ќе се повлече од функцијата шеф на Твитер „штом најде некој доволно глупав за таа работа“. Тој додаде дека после тоа ќе се грижи само за софтверот и серверските тимови.
I will resign as CEO as soon as I find someone foolish enough to take the job! After that, I will just run the software & servers teams.
— Elon Musk (@elonmusk) December 21, 2022
Одговорот на Маск доаѓа по анкетата во која тој ги прашал корисниците на таа социјална мрежа дали сакаат тој да се повлече. Корисниците одлучија, 57,5 отсто од нив гласаа за заминување на Маск, а тој најави дека ќе постапи според резултатите од анкетата. Во истражувањето учествувале 17.502.391 корисник.
Само дваесет минути откако ја објави анкетата, а се виде дека „да“ за неговото заминување е далеку попопуларно, Маск на Твитер напиша „пази што посакуваш, може да се оствари“.
Како одговор на еден коментар, Маск одговори: „Прашањето не е да се најде извршен директор, туку извршен директор кој може да го одржи Твитер жив“.