Шефот на Твитер, Илон Маск, најави дека платформата ќе воведе видео и аудио повици, како и шифрирани пораки.
Корисниците на Твитер наскоро ќе можат да остваруваат аудио и видео повици со други луѓе ширум светот кои се на социјалната мрежа без да мораат да го дадат својот телефонски број, напиша Маск на Твитер.
With latest version of app, you can DM reply to any message in the thread (not just most recent) and use any emoji reaction.
Release of encrypted DMs V1.0 should happen tomorrow. This will grow in sophistication rapidly. The acid test is that I could not see your DMs even if…
— Elon Musk (@elonmusk) May 9, 2023
На овој начин Twitter ќе се усогласи со Facebook и Instagram кои веќе имаат слични опции за повикување, пренесува Reuters.
Маск додаде дека корисниците на Твитер ќе можат да испраќаат шифрирани пораки од утре, но не појасни дали и повиците ќе бидат шифрирани.
Минатата година Маск на јавноста и ги објави своите планови за подобрување на оваа социјална мрежа која ја нарече „Твитер 2.0. Апликацијата за сите“.
Шефот на Твитер тогаш најави шифрирани пораки, подолги твитови и воведување опции за плаќање преку оваа платформа, потсетува британската агенција.