Микроорганизам оживеа по 24.000 години поминати под сибирскиот мраз!

пред 2 недели

Научниците успеале да оживеат мало животно кое било замрзнато во сибирскиот вечен мраз 24.000 години. Откако било загреано и нахрането, ова безрбетно животно одеднаш се активирало, па дури и започнало да се размножува.

Познато е дека едноставните организми како што се бактериите можат да преживеат илјадници години во мраз, но сега експертите дополнително потврдија дека ова може да важи и за посложени организми.

„Тоа е животно со нервен систем, мозок и други органи“, вели биологот Стас Малавин од научниот центар за биолошки истражувања Пушчино.

Експертите претходно успеале да ги оживеат формите кои биле замрзнати во мразот најмалку 30.000 години, но ова е прв пат да оживеат ваков „стар“ безрбетник.

Овие се најмалите повеќеклеточни животни, од 0,1 до 3 милиметри во големина, кои имаат трепкав венец, кој трепери непрестајно и со тоа го придвижува телото.

Во 2015 година, Малавин и неговите колеги дупчеле во вечниот мраз во близина на реката Алазеја во Сибир, Русија. Притоа, тие нашле еден безрбетник, помалку од една четвртина од милиметар.

Кога го загреале и му дале храна, животното повторно се активирало. Не само тоа – тоа започнало да се размножува бидејќи овој вид може да се клонира без сексуален партнер.

Имено, некои родови имаат различни начини на репродукција. Во поволни услови, тие се размножуваат со партеногенеза и сексуално кога условите се неповолни.

„Ние сме сосема убедени дека ова е нов вид“, рече Малавин. Тој и неговиот тим направија секвенцирање на геномот на ова античко животно и открија дека тоа е најмногу слично на без’рбетниот вид – адинета вага.

Научниците веруваат дека денешните безрбетници имаат слична способност да преживеат како нивните антички предци.

За време на еден експеримент, Малавин замрзнал (-15 ° C) индивидуи од различни современи видови една недела, како и некои потомци на антички животни. Двете групи биле подеднакво толерантни на замрзнување, со слични стапки на преживување, пишува „New Scientist“.

Сепак, Малавин и неговите колеги сè уште не знаат точно како овие суштества успеваат. Имено, организмите кои толерираат замрзнување имаат многу механизми за преживување, не само еден, и не сите користат исто.

Истражувањата покажуваат дека ако процесот на замрзнување е релативно бавен, без’рбетните клетки можат да преживеат формирање на ледени кристали со минимално оштетување, дозволувајќи им да преживеат – иако сè уште не е познато како можат да преживеат десетици илјади години.

„Овие механизми се навистина изненадувачки слабо познати за нас“, вели Малавин.

Извор: B92.net

Share

AnimeFreak Watch anime online, English anime online HD. Watch Ninja Hattori-kun (Dub) Episode 171

WCOStream Watch anime online, English anime online HD. Watch Shonen Maid Episode 12

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD. Watch Ginga Eiyuu Densetsu: Die Neue These - Seiran 3 Episode 4

KissAnime About: https://about.me/kissanimemx

Scroll to Top