Со серијата iPhone 15, Apple повторно го направи она по што е познат досега – промовираше веќе познати и достапни функции од други платформи како нешто досега невидено.
Серијата iPhone 15 пристигна со некои новитети, кои вклучуваат поддршка за USB-C конекција, Precision Finding, новото Action Button… Но, уште еден „новитет“ го привлече вниманието на сите.
Тоа е карактеристика на екранот, односно стапката на освежување на екранот, која мери колку често статичната слика на екранот се менува во секунда и се мери во херци (Hz).
Apple резервира поддршка за Pro Motion за освежување на екранот до 120 Hz за своите модели iPhone 15 Pro и Pro Max, додека iPhone 15 и 15 Plus останаа на освежување на екранот од 60 Hz.
Ова го привлече вниманието на многумина, а еден корисник на платформата X истакна дека ова е вистински грабеж од Apple, бидејќи телефоните со Android, дури и оние со цена до 200 долари, со години поддржуваат освежување на екранот од 120 Hz. Отсуството на поддршка од 120 Hz кај моделите на iPhone кои немаат „Pro“ во името не е оправдано.
120hz is not a “Pro” feature, just because Apple calls it Pro Motion
Doesn’t make it a premium feature.There are $200 android phones that come with a 120hz.
My point is an $800 iPhone shouldn’t launch with a 60hz display in 2023!
It’s the consumer who is getting is robbed,… pic.twitter.com/wUjvpOhGaa
— Rjey (@RjeyTech) September 11, 2023
„120Hz не е „Pro“ карактеристика… iPhone од 800 долари не треба да се лансира со екран од 60Hz во 2023 година! Потрошувачите се ограбени, престанете да се обидувате да го оправдате панелот од 60Hz на телефон од 800 долари“, истакна корисникот.