Научниците во лабораторија произведоа вештачки мозок што се развива како човечкиот, што може да обезбеди подобар увид во заболувања како што се Алцхајмерова болест или шизофренија.
Американски научници во Лос Анџелес спроведоа широка генетска анализа на таканаречените органоиди, на кои им е овозможено да се развиваат и растат во лабораториски услови и до 20 месеци.
Она што научниците го открија е дека вештачкиот мозок расте во фази кои се совпаѓаат со развојот на мозокот кај бебињата.
Истражувањата сугерираат дека органоидите на вештачкиот мозок можат да се развијат надвор од феталната фаза, што е спротивно на она што претходно се веруваше.
Со оглед на тоа откритие, органоидите може да созреат до тој степен што научниците ќе почнат да ги користат за проучување мозочни болести кај возрасни, како што е деменција.
Научниците веќе користат органоиди на човечки мозок за да проучат невролошки невроразвојни нарушувања, вклучувајќи аутизам, епилепсија и шизофренија, пренесуваат научните портали.