Филмската адаптација на популарната пукачка игра „Call of Duty“ сè уште е во фаза на изработка, но обожавателите ќе мора да бидат трпеливи.
Официјалните социјални медиуми на франшизата потврдија дека премиерата ќе се одржи на 30 јуни 2028 година.
Проектот првпат беше најавен минатата година, а набрзо беше откриено дека Тејлор Шеридан и Питер Берг ќе бидат продуценти. Двајцата ќе го напишат и сценариото заедно, додека Берг ќе го режира филмот. Зад нив стојат проекти како што се „Friday Night Lights“ и серијата „Yellowstone“.
Моментално нема информации за глумечката екипа, ниту за тоа кој дел од франшизата ќе биде адаптиран за екранот. Сè укажува дека проектот е сè уште во рана фаза на развој.
Иако многу детали не се познати, со оглед на огромниот комерцијален успех на серијата „Call of Duty“, се очекува филмот да се позиционира како голем летен блокбастер.






