Најголемиот познат скелет од трицератопс беше продаден на аукција за вртоглава сума.
Аукцијата се одржа во четвртокот, во организација на аукциската куќа Drouot во Париз, каде што беше изложен скелетот на трицератопсот, познат и како Биг Џон (Големиот Џон), заедно со мноштво фосили од метеорити и други артефакти.
Скелетот е откриен во Јужна Дакота во 2014 година благодарение на геологот Волтер В. Стеин Бил. Се верува дека овој диносаурус живеел на Ларамидија, огромен праисториски континент кој денес би се протегал помеѓу Алјаска и Мексико. Скелетот е реставриран во Италија каде археолозите ја утврдиле неговата вистинска големина.
Биг Џон имал череп долг повеќе од 2,7 метри и широк речиси 2 метра, а скелетот бил завршен во процент поголем од 60 посто.
Пред аукцијата се проценуваше дека скелетот ќе биде продаден за 1,5 милиони евра, но понудите далеку ги надминаа очекувањата бидејќи беше продаден за 6,6 милиони евра.
Апсолутниот рекорд го држи тираносаурусот рекс по име Стен, кој е продаден за 31,8 милиони долари.
Извор: Klix.ba