Во една азиска земја веќе е забранет iPhone 16, а истото се подготвуваат да го направат и со многу други модели на телефони.
Индонезија планира да ги прошири барањата за локални компоненти во телефоните што се продаваат и произведуваат во земјата, пишува Ројтерс.
Како што соопштија од ресорното министерство, оваа иницијатива е дел од пошироката стратегија насочена кон зајакнување на домашниот производствен сектор.
Четвртата најнаселена земја во светот неодамна го забрани Apple iPhone 16 од истите причини, а потоа и Google Pixel 9.
Законот вели дека најмалку 40% од деловите во овие уреди мора да бидат направени во Индонезија, а сега владата се подготвува уште повеќе да ги заостри овие мерки. Сепак, можно е да се купи еден од забранетите телефони во странство и да се донесе во Индонезија.
Сепак, сопствениците може да имаат потешкотии да пристапат до услугите или ажурирањата на софтверот, а властите најавија мерки за да спречат понатамошен неовластен увоз и дистрибуција на овие уреди.
Интересно е што Apple вети инвестиција од 100.000.000 долари доколку Индонезија ја укине забраната – ова беше одбиено, па ќе видиме дали понудата ќе се подобри.