OnePlus ќе го претстави OnePlus Nord CE 5G на 10 јуни, а пред таа објава веќе дознавме многу детали за уредот, благодарение на протечените информации. Сега самиот OnePlus објави нов тизер, кој го открива дизајнот на задниот дел од телефонот.
Како и ланскиот OnePlus Nord 5G модел, Nord CE 5G ќе има овален систем за камери на задната страна, во кој се сместени три камера сензори. Според претходните гласини, телефонот на задната страна ќе има 64MP главна камера, 8MP ултра широк сензор и сензор за длабочина од 2MP. Покрај тоа, ќе има и селфи камера од 16MP на предната страна.
Иако немаме увид во предната страна на телефонот, знаеме дека Nord CE 5G ќе има 6,43 инчен AMOLED дисплеј, со FHD+ резолуција и стапка на освежување на екранот од 90Hz. Под сензорот ќе биде вграден сензор за отпечатоци.
Покрај тоа, OnePlus Nord CE 5G би требало да користи Snapdragon 750G чипсет со осум јадра, а уредот ќе биде напојуван од батерија од 4500mAh, со поддршка за 30W Warp Charge 30T Plus.