Ако барате некого на интернет, веб-страната која користи технологија за вештачка интелигенција и изгледа малку морничаво може да ви помогне.
The most disturbing AI website on the internet.
Upload a photo of a person, and AI will find ALL of the images of that person across the internet. pic.twitter.com/ac6A1xRxQi
— Rowan Cheung (@rowancheung) February 28, 2023
PimEyes е страница за пребарување фотографии која користи технологија за препознавање лице за да ја пронајде секоја фотографија од личноста што некогаш била објавена на интернет.
Препознавање на лица
Откако некој ќе постави фотографија од личноста што сака да ја најде, PimEyes ќе пребарува на Интернет за да го спореди лицето на таа личност со лицата на другите. Иако технологијата не е совршена, таа е многу точна во пронаоѓањето на личноста што ја барате или слични личности.
Но, за да го дознаете изворот на поставената слика, треба да плаќате одредена месечна сума, а првите три пребарувања се бесплатни. Веб-страницата вели дека е создадена за да им помогне на луѓето да се заштитат од измамници и крадци на идентитети, а луѓето коментираат дека се шокирани од неговата точност.
„Рајот за демначите“
„Сам го тестирав и бев шокиран од брзината и прецизноста“, напиша еден твитераш, додека друг додаде: „Страшно е тоа што комплетен странец може да те фотографира некаде и потоа да дознае се за тебе“.
И покрај добрите намери, технологијата стана контроверзна бидејќи некои веруваат дека може да се користи за следење. „Ова е рај за демначи“, напиша еден корисник на Твитер.
This is a stalker’s dream
— Soo Schreiber (@sooschreiber) March 1, 2023
Заштита на фотографии
На страницата пишува дека постои опција за поставување предупредување за корисниците да можат да ги заштитат своите фотографии.
Имено, доколку некој корисник наиде на неговата фотографија и сака да ја избрише, може да постави предупредувања кои ќе го известат кога неговата фотографија ќе биде објавена некаде на интернет, а PimEyes потоа ќе ја исчисти сликата од изворот.
Во условите за користење, страницата наведува дека во случај на откривање на злоупотреба на услугата, сметката е трајно блокирана без право на рефундирање.