Неодамна се појавија информации за тоа дека компанијата OnePlus подготвува паметен часовник, кој би требало да биде претставен во текот на октомври. Компанијата дури и го навести часовникот преку OnePlus 8T објавата, претходно во текот на овој месец, но носечкиот уред не е претставен заедно со телефонот.
Сега дојавувачот Max J истакнува дека OnePlus ја одложил објавата на OnePlus Watch уредот, а нема информации за тоа кога часовникот би можел да биде претставен. Дојавувачот исто така сугерира дека одложувањето на објавата би можело да биде последица на проблемите со софтверот или процесот на производство.
OnePlus на својот паметен часовник работи веќе неколку години. Првите гласини за уредот се појавија во 2016. година, а засега малку е познато за овој часовник. Компанијата со најави со кружна рамка, но не е познато дали ќе го користи WearOS или прилагодениот OnePlus оперативен систем.