Откриено оштетување на белите дробови три месеци по зараза со Ковид-19

пред 2 месеци

Ковид-19 може да предизвика абнормални промени во белите дробови, кои можат да се детектираат подолго од три месеци откако луѓето ќе се заразат, покажува студија направена на Оксфорд. Како што наведува Би-би-си, во истражувањето направено врз 10 пациенти со Ковид-19 била користена нова техника за снимање на белите дробови, за откривање на нивно оштетување што не може да се открие со конвенционалните методи на снимање. Новата техника користи ксенон гас при магнетна резонанца. Пулмолозите наведуваат дека тест што може да открие долгорочни промени во белите дробови би значел голема работа за ковид-пациентите. При снимање на белите дробови со новата техника, пациентите вдишуваат ксенон при магнетна резонанца. Професорот Фергус Глисон, кој го предводеше новото истражување, ја испроба новата техника за снимање на белите дробови на 10 пациенти на возраст од 19 до 69 години. Осуммина од нив се пожалиле на замор и проблеми со дишењето три месеци откако биле заразени со коронавирус, иако никој од нив не бил на интензивна нега или на апарати за дишење, а конвенционалните методи на снимање не откриле проблеми со белите дробови. Новата техника за снимање открила оштетување на белите дробови кај осум пациенти кои се жалеле на проблеми со дишењето или отежнато дишење. На снимките се нагласени областите каде што кислородот не влегува лесно во крвта.

Share

Attack on Titan: Since That Day (https://animeplanet.cc/m/RdLo) Episode Full at website https://animeplanet.cc gosu anime planet

Rascal Does Not Dream of a Dreaming Girl (https://funimationfree.com/m/WzgN) Episode Full at Funimation dragon ball z funimation dub

Scroll to Top