Realme го подготвува смартфонот на преклоп, GT 2 Fold, а во меѓувреме се појавија скици кои го откриваат неговиот изглед и одредени карактеристики.
Извршниот директор на Realme, Махав Шет, минатиот месец изјави дека нема ништо да каже за флексибилните уреди и дека целото внимание е насочено кон воведувањето на водечки процесори и брзо полнење, но членовите на Realme Design Studio сепак го споделија концептот на Realme GT 2 Fold, кој го објавија и сигурните дојавувачи.
Дизајнот покажува дека се работи за ново решение во светот на преклопните уреди, надворешниот екран е на спротивната страна во споредба со Galaxy Z Fold и се отвора од десно кон лево.
Скиците покажуваат две камери од 50 MP и AMOLED екран од 6,5 инчи, а штом ќе се отвори уредот, достапен е 8-инчен AMOLED екран како таблет. USB-C портот се наоѓа на долната десна страна, а во горниот десен агол има уште една камера.
Realme GT Fold 2 се очекува да чини повеќе од 1.200 долари, а сè уште не е познато кога ќе се појави на пазарот.