Заедно со iPhone 16, Apple ќе го претстави и својот нов Apple Watch Series 10.

Новата верзија ќе донесе голем број на надградби, вклучувајќи поголем екран, помоќен чип и други напредни функции.

Часовникот ќе биде достапен во две големини: 45 mm и 49 mm, што значи дека ќе биде поголем од својот претходник.

Часовникот ќе биде енергетски поефикасен

Покрај поголемите екрани, часовникот ќе има и потенко куќиште за да го намали чувството на дополнителна големина што доаѓа со поголем екран. Новиот OLED екран со LTPO TFT технологија треба да овозможи поголема енергетска ефикасност, што може да значи и дека батеријата ќе биде помоќна.

Новите модели, наводно, ќе имаат сензори за откривање хипертензија и апнеја, но сè уште не е потврдено дали овие можности ќе бидат достапни во серијата 10 или дали корисниците сепак ќе треба да ја чекаат следната серија. Часовникот ќе добие и нов чип.

Apple обично воведува нови модели на Apple Watch заедно со iPhone. Се очекува цената на часовникот да започне од 399 американски долари, односно од приближно 356 евра.