Оригиналниот изворен код за World Wide Web, односно делот од интернетот што претставува услуга со која се разменуваат податоци преку глобалната компјутерска мрежа, а ја напиша од сер Тим Бернерс-Ли, се продава на аукција во Sotheby’s како дел од незаменлив токен (NTF). Почетната цена за делот од кодот е само 1.000 американски долари.
Според Sotheby’s, документот се состои од 9.555 линии код, вклучувајќи имплементација на три јазици и протоколи измислени од Бернерс-Ли: HTML, HTTP и URI. Вклучен е и оригинален HTML документ кој им дава упатства на раните веб-корисници како да ја користат апликацијата.
Тим Бернерс-Ли е британски научник кој ја измисли World Wide Web (првично наречена mesh, или мрежа) во 1989 година, како предлог за управување со информации.
Неговиот тогашен шеф го нарекол предлогот „нејасен, но интересен“. Сепак, тоа не го обесхрабрило Бернерс-Ли.
Следната година, тој создаде апликација на програмскиот јазик Objective C на NeXT, што ја нарече WorldWideWeb. Со тоа тој направи револуција во споделувањето и создавањето на информации.
Неговиот пронајдок, според важноста, честопати се споредува со пронаоѓањето на машината за печатење во 15 век.
Извор: B92.net