Ако имате проблеми со Wi-Fi сигналот дома, овие едноставни чекори ќе ви помогнат.
Дома веројатно веќе имате се што ви треба – доволна е само една алуминиумска фолија, пишува Reader’s Digest. Иако овој трик веројатно звучи како уште еден трик кој не функционира, всушност го испробале професорите од Универзитетот Дартмут и ја потврдиле неговата исправност.
Според нив, користењето на површини како што е внатрешноста на лименката или алуминиумската фолија може да го зајакне Wi-Fi сигналот во некои области, додека во други може да го ослаби.
Еве детално објаснување како да го зајакнете Wi-Fi сигналот со помош на фолија.
Подготовка на материјали
Најдете ролна алуминиумска фолија и исечете парче што е приближно со исти димензии како вашиот рутер. Ако рутерот има надворешна антена, направете ја фолијата неколку сантиметри повисока. Ако има внатрешна антена, не е важно колку е висока фолијата.
Преклопете ја фолијата
Свиткајте ја фолијата во форма на буквата „С“, така што сјајната страна да е свртена навнатре. Можеби ќе треба малку повеќе да го свиткате горниот дел од фолијата за да го покриете целиот рутер, доколку има надворешни антени.
Ставете ја фолијата зад рутерот
Поставете ја преклопената фолија зад рутерот, така што закривениот дел е свртен кон рутерот и просторијата каде што сакате да го засилите сигналот.
Проверете ја брзината на интернетот
Отворете Google, а потоа напишете „speed test“, потоа изберете ја опцијата за проверка на брзината на интернетот. Ова е најбрзиот начин да потврдите дали трикот функционира.