Шведската организација за музички права претстави лиценца што им овозможува на компаниите за вештачка интелигенција легално да користат песни заштитени со авторски права за обука на своите модели.
Сепак, ова е овозможено со забелешката дека текстописците и композиторите мора да бидат платени, соопшти Шведското здружение за авторски права (STIM).
Лиценцата, развиена од STIM, која претставува повеќе од 100.000 текстописци, композитори и музички издавачи, им овозможува на системите со вештачка интелигенција да тренираат за дела заштитени со авторски права, а воедно да им плаќаат авторски права на креаторите, објави Ројтерс.
„Ова не е само комерцијална иницијатива, туку план за фер компензација и правна сигурност за компаниите за вештачка интелигенција“, изјави вршителката на должноста извршен директор на STIM, Лина Хејман.
Според Меѓународната конфедерација на здруженија на автори и композитори (CISAC), вештачката интелигенција би можела да ги намали приходите на креаторите на музика до 24 проценти до 2028 година.