Директните пораки (DM) на Твитер содржат таен кеш (cache), кој се крие зад поставките за приватност на услугата.
За многу корисници, наоѓањето на оваа опција значи откривање на скриено сандаче со голем број важни пораки кои можеби ги пропуштиле, бидејќи Твитер поради некоја причина не обезбедил увид во нив.
Твитер има неколку различни поставки за приватност за директните пораки. За да ги приспособите, кликнете на иконата DM на Твитер и изберете ја иконата за поставки во горниот десен агол на екранот. Постојат неколку поставки кои треба да се одобрат за да се создаде тајно сандаче.
I just checked the secret third inbox and there’s years of missed business, old friends trying to find me, people literally trying to give my nonprofit money…omg https://t.co/ARUyf9mfKN
— Frank Cifaldi (Unlicensed).nes (@frankcifaldi) April 29, 2022
Прво, треба да ја штиклирате опцијата „Allow message requests from anyone“, бидејќи во спротивно нема да може да примате спам пораки (или она што Твитер мисли дека е спам) и кои се зачувани во посебна DM папка.
После тоа, проверете дали сте ја оневозможиле опцијата „Filter low-quality messages“. Можеби одамна сте ја оневозможиле оваа опција без воопшто да го знаете. Ако е така, тогаш цело време сте го користеле „тајното“ сандаче.
Ако оваа опција е означена за вас, тоа е веројатно најлесниот начин за пристап и читање на пораките што сте ги пропуштиле.
Скролувајте до крај и кликнете на копчето „Show“ за да видите дополнителни пораки, од кои некои се блокирани од Твитер бидејќи се навредливи.
Овде ќе ги видите сите пораки кои Твитер ги сокри од вас. Доколку сакате, можете да го отштиклирате полето „Filter low-quality messages“ во поставките за да ги поврзете овие пораки со редовните пораки на Твитер.