Пандемијата сè уште е во тек, а одамна е јасно дека постојат некои знаци на Ковид-19 кои можат и да не се забележат.

Симптомите се бројни, а три основни знаци дека можеби сте заразени со коронавирусот се кашлица, губење на сетилото за вкус и мирис и температура.

Сепак, како што се појавија новите варијанти на вирусот, симптомите со текот на времето се менуваа.

Омикрон сојот на коронавирусот моментално е најдоминантен сој и докажано е дека е поблаг во однос на другите варијанти, особено кај вакцинираните луѓе.

Иако експертите наведуваат дека може да се случи да почувствувате болка во цело тело, сепак постојат невообичаени симптоми на кои треба да обрнете внимание.

1. Лумбална болка

Болка во долниот дел од грбот означена е како симптом на омикрон сојот уште во декември 2021 година кога истиот првпат се појави во Јужна Африка. Било потребно одредено време за истражување за да се потврди овој симптом, додека пак сега се наведува како еден од најчестите симптоми на вирусот.

2. Главоболка

Доколку се разбудите со изразена главоболка, немојте да се изненадите доколку се потврди дека имате омикрон сој на коронавирусот. Главоболката е многу честа кај заболените од Ковид-19, погодува речиси 67 отсто од заразените. Многумина мислат дека тоа е само уште една главоболка во низата, а всушност не знаат дека се заразени со Ковид-19 поради што и не одат да се тестираат.

3. Болка во коленото

Докторите велат дека болката во пределот на колената може да се појави, како и дека истата не мора да значи дека е како последица на вирусот. Се верува дека болката во мускулите е резултат на воспаление кое може да се почувствува низ лигаментите и зглобовите.

Најчести симптоми на омикрон сојот се:

Течење од носот;
Болка во грлото;
Замор;
Кивање;
Упорна кашлица.

Д-р Питер Ванг, професор на Медицинскиот факултет Јејл, исто така изјавил дека голем дел од болката при Ковид-19 се чувствува околу меките ткива и зглобовите. Сепак на експертите не им е јасно зошто овој симптом е почест кај омикрон сојот отколку кај останатите соеви на коронавирусот.